Актерката Ирена Ристиќ обвинета за расизам, ги навредила Ромите

Актерката Ирена Ристиќ е повикана од Јавното обвинителство на распит на 13 октомври како осомничена за предизвикување омраза на национална, верска и друга дискриминирачка основа. Актерката Ристиќ поканата си ја објави на фејсбук-профилот.

Во дописот од Јавното обвинителство стои дека Ристиќ се повикува во својство на осомничена. Обвинението е за навредливи коментари на социјалната мрежа „Фејсбук“ насочени кон ромската заедница.

„Циганите (поради некоја политичка или не знам каква коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи… паѓа! Циганите собираат сè што претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бессознание. Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе…“, напишала актерката.

Scroll to Top