Актерот Драган Спасов- Дац нов директор на МНТ

Актерот Драган Спасов -Дац е новиот в.д. директор на Македонски народен театар. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор -режисерот Дејан Пројковски кој сам си поднесе оставка.

Пројковски во МНТ го наследи актерот Дејан Лилиќ, додека уметнички директор до пред два месеци беше Тони Михајловски, кој си поднесе оставка.

Драган Спасов -Дац од 1992-2016 работеше како актер во Драмскиот театар во Скопје, а од 2016 е дел од МНТ.

Scroll to Top