Александра Јанева пее за душа

Пејачката Александра Јанева на својата фејсбук-страница објави видеозапис од преработката на баладата Then од Ани Мари, која ја направи заедно со нејзиниот лајв бенд 2Ве.

Видеото е направено во домашни услови, каде што во придружба на гитаристот Тино Стојановски ја испеа песната од нејзината омилена пејачка. Преработка која, како што вели таа, ја испеала за душа.

„Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја, тогаш не ти останува ништо друго освен да си направиш преработка за душа!“, вели пејачката Јанева на социјалните мрежи.

Александра Јанева во последниот период објави и две преработки, Perfect и Тhen.

Scroll to Top