Али Ахмети со „нокиа 3310“ го разреши Зврлевски

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, има „нокиа 3310“, легендарниот телефон кој го одбележа почетокот на 21 век. На разрешувањето на јавниот обвинител, Марко Зврлевски, Ахмети во Собранието се појави со реплика од овој телефон која многу личи на оригиналниот „3310“.

Репликата на најпопуларната „нокиа“ прв пат излезе оваа година на 24 мај, а нејзината вредност на пазарот се проценува на 50 евра или околу 3 илјади денари.

 

Првиот модел на „нокиа 3310“ се појави во 2000 година и овој апарат важеше за еден од најскапите, но и најквалитетни мобилни телефони кои тогаш беа достапни на пазарот.

Scroll to Top