Ана Стојановска од Крива Паланка на квалификации за Олимписки игри

Младата Ана Стојановска, од Крива паланка, е пингпонгарка на Пингпонгарскиот клуб Крива Паланка. Таа од 2 до 5 ноември во Сплит, ќе учествува на квалификациите за младите Олимписки игри кои во 2018 година ќе се одржат во Буенос Аирес во Аргентина.

На квалификациите секоја земја има право на по еден свој претставник, а  пријавени се 32 млади пингпонгари од кои првите четворица од квалификациите ќе се изборат да играат на Олимписките игри.

Пријавени се најдобрите млади пингпонгари од цела Европа. За што подобро претставување на нашата земја Ана Стојановска од 19 до 24 октомври ќе биде на припреми во Зрењанин (Србија), со најдобрите европски тренери од Војводина.

Scroll to Top