Антониа наскоро со видео-спот за песната „Слаба страна“

Деновиве пејачката Антониа Гиговска го најави излегувањето на нејзиниот видеоспот, од најновата песна „Слаба страна“.
Како автори на песната се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветовски, додека режисерската палка беше во рацете на Бане Поповиќ и неговата продукција „Томато“.
– Со нетрпение чекам публиката да ја слушне песната, а се разбира да го види и видеоспотот. Лазе и Ена уште еднаш направија ремек-дело, за кое верувам дека ќе наиде на многу позитивни критики – накусо ни изјави Антониа.
Инаку покрај Антониа, во спотот се појавуваат момците и девојките од студиото „Beatrix Crew“, а шминката и фризурата е дело на Даниел Николовски.
Видете: ексклузивни фотографии од снимањето на спотот:
Scroll to Top