Бегај, да бегаме!

Поранешниот премиер Никола Груевски, денес беше во Основниот суд, Скопје 1 на судењето за предметот „Тенк“. По излегувањето од судот, тој е фотографиран како ја напушта зградата, се чини, како на бегање. И одма, тема на социјалните мрежи. Твитерџиите не му останаа должни.

„Како кога ќе ја видиш поранешната женска, па брзаш да се скриеш“, или „Груевски на бегање“, се само дел од коментарите кои беа напишани на Твитер.

На судското рочиште денес, поранешниот премиер изјави “Ова е брука од суд, против мене се води политички процес“.

Денешното рочиште беше за набавката на „мерцедесот“ вреден 600.000 илјади евра.

Фото: М. Златевска

Scroll to Top