Белов четири години ја љуби Јелена  

Поп-пејачот Александар Белов прослави четири години љубов со својата девојка, Србинката Јелена Станковиќ. Вљубените оваа вест ја споделија на своите фејсбук-профили. „Засекогаш во моето срце, засекогаш љубов“, напишал Белов.

Нивата врска започна во август 2013 година. Тогаш поп-пејачот не сакаше многу јавно да говори за тоа, но постојано беше на релација Македонија-Србија. Дури и таму сѐ почесто настапуваше за да може повеќе време да поминува со Јелена.

Scroll to Top