Боки 13 им објави војна на иселениците што палеа слика од Заев

Бојан Јовановски, претседател на Меѓународен сојуз Скопје, повторно се јави на Фејсбук. Овој пат со став околу протестите на иселениците во Австралија кои викендов протестираа за одбрана на името на земјава.

„Овие коишто во Австралија протестираа и палеа слики на премиер на држава (грозно и одвратно, за секоја осуда) им предлагам да си дојдат овде во нивните села и од тука да си го бранат името! И на крајот да ги прашам ако толку си го сакаат името и ако толку си ја сакаат земјата што не останале овде, зошто се отселиле од Македонија, зошто не останеле овде па да видат како народов едвај врзува крај со крај!

На народов му треба здрава егзистенција, пари, нови инвестиции и вработувања, подобар стандард, доста го труете народот со омраза која не води никаде!“- напиша на Фејсбук, Бојан Јовановски.

Scroll to Top