Боки 13 тврди дека готвачот Антонио е излекуван  

Од вчера на социјалните мрежи повторно на големо се зборува за готвачот Антонио Јанковски на телевизија „Канал 5“, кој пред извесно време објави дека боледува од рак и дека нема каде да живее. По ова, Бојан Јовановски, претседателот на Меѓународниот сојуз – Скопје, јавно рече дека му помогнал, односно му ја платил киријата, му дал пари за храна, облека, а му вети дека набргу ќе му најде работа во некој ресторан.

По ова, вчера Антонио пак се јави на социјалните мрежи со статус во кој кажа дека бил без лекови, храна, без скршена пара и потенцира дека му требаат пари за храна и суплементи. На ова следуваа низа реакции на социјалните мрежи и обвинувања дека Бојан, наводно, не му помогнал. Се слушнавме со Боки 13, кој во изјава за „Репортер“ рече: „Антонио е излекуван и неговата состојба не е таква каква што тој ја прикажува. Јас лично имам увид во тоа. Па преку глава ми е до каде оди човечката злоба, луѓето не престануваа сешто да зборуваат. Згрозен сум. Лично јас му ја платив кирија, му дадов пари за храна, му реков да оди јакна да си купи и дека ќе бараме работа во некој ресторан. И, навистина, ова е претерано веќе“, рече Бојан Јовановски.

 

Откако излезе приказната за Антонио дека боледува од рак и дека поминувал низ голгота, во нашата редакција стигна писмо од читател, кој ни сугерира дека Антонио, наводно, лажел за болеста. Името на читателот му е познато на редакцијата. По ова, ние го му се јавивме на Антонио, кој ни одговори во порака дека имал проблем со лимфата во 2011 година и дека сега тоа со болеста се искористи каде што не треба, ама сѐ ќе се среди“. (А.Г.)

 

Scroll to Top