Борко Ристовски стана светски првак во Барселона

Борко Ристовски, најдобриот македонски голман освои нова титула во кариерата, откако со Барселона го доби трофејот на „Супер Глоуб“.

На неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет кое се одржа во Доха репрезентативецот на Македонија во редовите на каталонскиот гигант дојде до петтиот трофеј, односно првиот „Супер Глоуб“ за него во кариерата.

Зад себе. Ристовски ги има трофеите во АСОБАЛ, Суперкупот на Шпанија, АСОБАЛ Купот и Копа дел Реј.

Scroll to Top