Борко Ристовски стана татко

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски стана татко. Тој преку социјалните мрежи се пофали со раѓањето на својот прв син Душан.

Неговата сопруга Николина се породи во болница во Барселона, каде престојува со Борко.

Мајката на Борко е исто така таму заради раѓањето на својот внук. Голманот сподели фотографија на која е со сопругата Николина и со бебето.

Во интервју за Репортер тој откри декa името на бебето е по неговиот починат татко. И за време на првенството додека Николина беше бремена,играше со патики на кој беше испишано името на бебето.

Scroll to Top