Божиќ во домот на Амернис и Борјан

Актерката Амернис Нокшиќи и новинарот Борјан Јовановски во семеен амбиент го прославија христијанскиот празник Божиќ. Ден пред Божиќ, семејството кршеше лепче со паричка, која овој пат ѝ падна на помалата ќерка Каја. Интресно е тоа што во нивниот дом, задолжително се слават и муслиманските и христијанските празници. Амернис досега неколклку пати има кажано дека за Бадник, секогаш таа спрема лепче со паричка, а за Бајрам пак, Борјан подготвува ручек за сите. Летото за Бајрам беа во Мадрид, каде „мадридски го слевеа Бајрам, но празниците се повод за да се собере семејството“, ни изјави тогаш Амернис.

Таа и Борјан се во брак повеќе од 10 години и ги имаат ќерките Бора и Каја. Пред да се земат беа подолго време во врска, а љубовта ја започнаа во времето кога Борјан беше потпарол на покојниот претседател Борис Трајковски.

(А.Г.)

Scroll to Top