Бракот не е оргазам!

Сузана Турунџеива, пејачка, писателка и водителка, постојано го привлекува вниманието со своите изјави на социјалните мрежи.

„Бракот не е оргазам за да го одглумиш“, вели Турунџиева во еден од своите статуси на Фејсбук, па додава „Затоа на одредени глум(и)ци им е кратка кариерата”.

Таа изминатиов период, освен што им се врати на ноќните свирки па настапува со безвременска музика во локалите во Скопје, постојано ги промовира своите нови книги, а летово поголемиот дел од времето го помина и во Битола, каде што читаше поезија. (А.Г.)

Scroll to Top