Бугарската пејачка Галена ја имитира Елена Велевска

Фолк-пејалката Елена Велевска ѝ послужи како инспирација на младата бугарска пејачка Галена. Бугарката на своите профили на социјалните медиуми објави фотографија слична на онаа што пред скоро цела година ја објави Велевска.

Нашата пејачка уште лани имала професионална фотосесија на која е сликана во ресторан како јаде пица, облечена во костим за капење и наметка. Слична фотосесија деновиве имала и Галена, која исто така е фотографирана како јаде пица, но, облечена во ролка и една година подоцна.

Велевска редовно ја изненадува својата публика со новитети. Таа открива дека наскоро ќе снима нешто ново.

Во меѓувреме постојано комуницира со обожавателите преку социјалните мрежи, и како што открива, многу често одговара на прашања поврзани со тоа како ја одржува вита својата фигура.

Scroll to Top