Четкар го промовираше видеото за песната Travel The World

Џез-музичарот Владимир Четкар го промовираше видеоспотот за песната Travel The World. Песната е авторско дело на македонскиот џезер, а продуцент е Harmonia Productions LLC. Спотот е сниман во Охрид и во националниот парк Галичица. Режисер е Борче Димоски од Digital Box Production.

„Задоволен сум од тоа што го сработивме. Се надевам дека ќе ѝ се допадне на публиката“, рече Четкар.

Travel The World е најава за новиот албум на Четкар. Владимир веќе работи на песните кои ќе се снимаат во студија во Њујорк и Њу Џерси. Промоцијата на албумот се очекува на почетокот на следната недела.

Scroll to Top