Дарко Димитров на Евровизија со песни за две држави

Вчеравечер во Белград на фестивалот Беовизија беше избран српскиот претставник за Евровизија. Најмногу гласови од стручното жири и СМС-гласови од публиката добија Сања Илиќ и „Балканика“. Тие ќе ја пеат песната „Нови деца“. Аранжер на песната е Дарко Димитров. Тој на песната соработуваше со Сања Илиќ и Татјана Карајанов, кои ја направија музиката, а Даница Крстаиќ го напиша текстот.

Дарко е дел и од македонскиот тим, тој е продуцент на песната Lost and Found, што во Лисабон ќе ја исполни „Ај кју“.

Димитров на Евровизија може да оди како дел од авторскиот тим на една од двете држави, Македонија или Србија, по свој избор. Европската радиодифузна унија нема правило што вели дека еден човек не може да учествува во создавањето повеќе песни.

Scroll to Top