Десет години Лилјана Петровиќ на 16 октомври не оди на гробот на Тоше

Менаџерката на поп-ѕвездата Тоше Проески, Лилјана Петровиќ, која беше со него во автомобилот кога тој загина, по 10 години од неговата смрт си ја отвори душата. Таа вели дека гробот на Тоше го посетува секогаш кога ќе дојде во Македонија, но никогаш не доаѓа на 16 октомври.

Исто така, открива дека и денес е во контакт со семејството на Проески и дека со нив е во коректни односи. По смртта на поп-ѕвездата, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ се повлече од сите концерти организирани во негова чест, како и од довршувањето на албумите и на песните што беа постхумно издадени. Вели дека тоа му го оставила на неговото семејство. Петровиќ за „Женски магазин“ откри дека од петте години колку што работеле заедно ѝ останале многу спомени и анегдоти, но и тоа дека тој ја нарекувал тетка Биберче. Лилјана сега е целосно повлечена од јавниот живот, одгледува лаванда и вели дека добро ѝ оди.

Прочитајте го целото интервју тука!

Scroll to Top