Џамбо Агушев му ја свиреше „Деспасито“ на Луис Фонси

Џамбо Агушев и неговиот оркестар за Нова година свиреа во полскиот ски-центар Закопане, каде што се сретнаа со Луис Фонси и му ја отсвиреа својата верзија на хитот „Деспасито“.

„Како едни од најголемите ѕвезди на концертот настапивме во 23:30 часот, заедно со Мерила Радович од Полска, а точно на полноќ одекнаа звуците на „Носа, носа“ и на „Деспасито“. Кога заврши настапот, зад сцената на Луис Фонси му ја отсвиревме нашата верзија на неговиот мега-хит и тој рече дека, иако му звучи малку необично, многу му се допаѓа. Го побара и бројот на нашиот менаџер и верувам дека може да се случи во иднина да оствариме и некоја заедничка соработка“, рекол Џамбо Агушев во интервју за „Нова Македонија“.

Џамбо и неговиот оркестар ги очекува настап на Вевчанскиот карневал следниот викенд. Во февруари ќе заминат на турнеја во Австралија, а во март ќе патуваат во Америка да одржат концерти на Флорида и во Калифорнија.

Scroll to Top