Џесика Палашоска се забавува во Швајцарија

Фолк-пејачката Џесика Палашоска сака да патува, па откако се врати од летувањето во Турција, веднаш одбра следна дестинација. Деновиве таа ужива во убавините на Швајцарија и на интернет објавува фотографии од своето патување.

На фотографиите Џесика не е во своето препознатливо издание, со длабоко деколте и силна шминка, напротив, овој пат избрала спортска гардероба и понеутрална шминка. Нејзините следбеници на Инстаграм се позитивно изненадени од промената и оставаат коментари дека им се допаѓа Џесика во ова издание.

Scroll to Top