Димитар и „Тајфата“ снимија видеоспот за „Остани“

Новиот спот на Димитар Андоновски и „Тајфата“ за нивната најнова песна „Остани“ се снимаше на плажите на Преспанското Езеро и во него, покрај момците од бендот, се појавуваат и уште неколку атрактивни девојки кои само дополнително ја разубавуваат атмосферата.

– Станува збор за брза етнопоп-тема за која сме убедени дека ќе биде прифатена од слушателите. Инаку, снимањето на спотот беше напорно бидејќи почнавме со снимање рано наутро, а завршивме неколку часа по полноќ. Но, вредеше, добивме прекрасно видеопарче, кое сме сигурни дека ќе ѝ се допадне на нашата публика – велат членовите од бендот.

И овој пат Диме и „Тајфата“ за новата песна соработуваа со братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковски, а спотот како и претходниот го изработи „Веста-продукција“ од Битола.

Scroll to Top