Дипломатски Дедо Мраз

Со црвена капа на главата министерот за надворешни работи, Никола Димитров, стана Дедо Мраз. Капата одлично му прилега со елегантната кошула и свилената вратоврска. По теркот на светските ѕвезди, ама и политичари, шефот на дипломатијата испрати новогодишна честитка. Интересно е тоа што дедомразовската фотографија си ја намести да биде и профилна слика на неговиот фејсбук-профил. Овој потег на Димитров наиде на позитивни коментари, поддршка па и верба дека „ќе нè биде“.

Scroll to Top