Дизајнерката Кокев конечно на светска модна недела

Модната креаторка Тања Кокев се пофали дека наскоро својата  нова колекција ќе ја презентира на една од светските модни недели.

„Сè уште не можеме да поверуваме, но ете конечно добивме понуда која цел живот ја чекаме“, вели Кокев. Таа додава дека сè уште не смеат да откријат за која модна недела станува збор, но рече дека наскоро и тоа ќе го објави.

„Посакајте ни среќа, а ние ветуваме дека ќе дадеме сè од себе да се претставиме најдобро и да докажеме дека и во Македонија има мода“, додава Кокев.

 

 

 

 

 

Scroll to Top