Два нови спота на Анита Мицова

Поп-пејачката Анита Мицова сними видео за композицијата „Рај“, љубовна песна со блуз-призвуци. Спотот е снимен во струшкото село Белица.

„Не сакам да пеам песни што нема да ме допрат емотивно. ‘Рај’, како и другите мои песни, има приказна, нешто што јас го имам доживеано. Има луѓе што велат дека е клише да се прават љубовни песни, но грешат. Ако песната ја донесеш на вистински начин, ако преку неа допреш до публиката, нема простор тоа парче музика да не стане хит“, вели Мицова.

Анета продолжува со снимање и оваа недела, па ќе го досними спотот и за композицијата „Еден ден“.

Scroll to Top