Едина Муса со награда на натпреварот „Атлета на Македонија“

Вчеравечер во спортската сала „Расадник“ се одржа 30. јубилеен бодибилдинг и фитнес-натпревар, на кој настапи и кошаркарката на КК Вардар, Едина Муса. Таа веќе извесен период работи како професионален фитнес-тренер.

Напорната работа на себе и на своето тело овој пат ѝ донесоа две награди на натпреварот. Поранешната кошаркарска репрезентативка на Македонија беше прогласена за победник во категоријата бикини.

Scroll to Top