Елена Петреска секој ден вљубена во Андреј  

Поп-пејачката Елена Петреска прослави 14 години љубов. Таа на својот „Фејсбук“ профил јавно му кажа на својот сопруг, Андреј Толевски колку го сака.

„14 години заедно, 14 години љубов и се уште те сакам неизмерно и верувам во љубовата. Тоа што си најпосветен татко ме прави секој ден одново да се заљубувам во тебе“, напишала Елена, и му посвети и љубовна пенса на сопругот.

Scroll to Top