Елена Велевска: Ристе одби турнеја во Австралија за да победи на Гранд

Фолк пејачката Елена Велевска како дел од македонското жири кое ги избира кандидатите кои директно се пласираат на големата сцена на „Ѕвездите на Гранд“ во Белград откри интересни детали за кариерата на својот колега Ристе Ристески.

Имено, Ристе Ристески имал одлична понуда да замине во Австралија на голема турнеја во пакет со Елена Велевска и други македонски ѕвезди, но понудата ја одбил за да учествувува повторно во музичкото шоу. Оваа негова одлука му донесе апсолутна победа со освоени 76.226 смс гласови, автомобил марка шкода рапид, песни и договор на 9 години со продукцијата „Гранд“.

– Кога сме кај Ристе, за време на пријавувањето за втората сезона нам ни излезе една навистина добра понуда за турнеја во Австралија. И покрај тоа што се консултиравме дали ќе одиме во пакетот што го сакаа, Ристе беше одлучен да ја одбие големата понуда и да влезе во втората сезона. Ми се допадна неговата амбиција и многу сум горда на неговиот успех. Не треба да жали бидејќи ќе има уште многу турнеи, но за да се изгради во тоа што го сака требаше да ја донесе оваа голема одлука, кажа Велевска.

На изјавата на Велевска одговори Ристески. Тој кажа дека ја одбил понудата за турнејата и покрај тоа што сè уште немал повик за учество во новата сезона.

– Кога се договаравме за турнејата не бев сигурен дали да ја прифатам понудата затоа што бев одлучен повторно да се натпреварувам во „Ѕвездите на Гранд“, но сè уште немав добиено повик од продукцијата. Чувствував дека нешто ќе се случи тие денови, и така беше, ми се јави Саша Поповиќ и веднаш прифатив, вели Ристески.

Scroll to Top