Елена Велевска сними спот за песна од 2014 година

Фолк-пејачката Елена Велевска го промовираше својот нов видео спот за песната „Срце бакшиш ќе ти дадам“. Оваа песна Велевска ја испеа на фолк-фест „Валандово“ 2014 година и според пејачката е една од нејзините најбарани песни на настапите. Автор на музиката и аранжманот е Горјан Стојановски, а самата Елена е автор на текстот.

„’Срце бакшиш ќе ти дадам’ е песна со која 2014 година настапив на фолк-фест ‘Валандово’ и речиси и да не поминува еден мој настап, а оваа песна да не ја испеам двапати. Долго време размислувавме со мојот тим што да направиме за оваа песна и мислам дека го направивме вистинскиот потег, а дека на публиката ќе ѝ се допадне“, рече Велевска.
Таа истакна дека оваа песна е нејзин новогодишен подарок за нејзината публика.

Scroll to Top