Фетаи: Го слушам Аца Лукас и пушам три кутии на ден

Фатиме Фетаи, секогаш послободна во изјавите, открива каква музика слуша, колку кутии цигари пуши, но и дека во средношколските денови му помагала на сопругот во решавањето на тестовите во училиште.

„Слушам секаква музика. Сакам рок, ама, искрено, се расположувам на српска музика, на турбофолк. Сите се срамат да кажат дека слушаат турбофолк, ама сите на тоа се палат“, искрена е Фетаи. Таа вели дека сака луѓе што знаат да се расположат, па и на добра музика.

„Го сакам Аца Лукас, ама не и Жељко Јоксимовиќ. Ако си дошол да ме забавуваш со музика, направи го тоа да се расположам, е затоа ја сакам српската музика, расположува“, открива специјалната јавна обвинителка.

Таа вели дека пред да почне да работи водела здрав живот. Дури ни кафе не пиела. Но, кога почнала да оди на работа во Гостивар, колешките ја намамиле со кафе и цигари, па почнала и кафе да пие и цигари да пуши.

„Сега пушам три кутии на ден, ама ми причинува задоволство. Човек во сè мора да си најде задоволство. Знам, цигарите се штетни, ама нели сите ќе се разболиме кога ќе остариме“, искрена е Фетаи.

Таа откри дека со сопругот е во љубов од средно училиште. Седеле во иста клупа и му помагала во решавањето на тестовите. „Тој ме поддржува во сè што работам, а јас сè што правам правам за моето семејство и моите два сина“, додава специјалната јавна обвинителка.

Scroll to Top