Фидан од Куманово трчаше за Тоше од Нова Градишка до Крушево

Кумановецот Фидан Арсовски беше меѓу единаесеттемина македонски маратонци што во чест на поп-ѕвездата Тоше Проески трчаше од Нова Градишка, Хрватска, до Крушево во должина од 900 км.
„Ова за мене е второ учество на ултрамаратонот. Вложив голем труд и секојдневна работа со вежби за зајакнување на физичката кондиција, но напорно работев и на менталните капацитети со цел успешно да се истрча тешкиот ултрамаратон…
„Помеѓу маратонците на патот до Загреб владееше голема почит кон Тоше, меѓусебна поддршка за да се истрча ултрамаратонската патека. Покрај меѓусебната поддршка, имавме и огромна поддршка од граѓани од Скопје, Велес, Прилеп, кои ни дадоа сила да издржиме докрај“, вели Фидан.
Покрај Арсовски, на маратонот трчаа и Наум Капричевски, Александар Кирковски, Христијан Јакимовски, Никола Гелов, Саша Цвектовски, Зоран Симоновски, Мартин Митковски, Роберт Коруноски, Ми Чурин и Давид Дачо.
Scroll to Top