Фолк-пејачката Јасмина Мукаетова готвеше во Њу Џерси

Фолк-пејаката Јасмина Мукаетова се покажа како вистинска домаќинка во Њу Џерси, САД, на традиционалниот фестивал на храната. Таа волонтерски учествуваше на манифестацијата и покажа дел од своите рецепти. Откако се пресели во Америка и ја прекина музичката кариера, Јасмина живее во Њу Џерси со сопругот и редовно учествува на традиционалниот фестивал за готвење.

На овој фестивал нашинците што живеат во Америка ги презентираат македонските специјалитети и рецепти за храна. Од скара до сарма, баклава, зелник, ситни колачи, торти, се само дел од македонските делиции во Америка.

Манифестацијата е под покровителство на МПЦ „Свети Никола“ во Њу Џерси.

Scroll to Top