Фолк пејачката Сања Ристеска промовираше нов видеоспот

Фолк пејачката Сања Ристеска го објави новиот спот за песната „Ќе те полудам“. Автор на музиката, текстот и аранжманот е Гоце Костоски – Пејак, а песната е снимена во студиото „Про Саунд Студио“. Покрај пејачката во видеото како модел се појавува фитнес тренерот Милош Живковиќ.

Пејачката, позната по песната „Баш ме заболе, одозгора па надоле“, по промоцијата на новата песна заминува на новогодишна турнеја во Америка, а за следната година најавува прв албум и промоција на уште пет спотови, кои ќе ги снима на тропски дестинации.

Scroll to Top