Фолк-пејачот Зоран Ванев прослави 20 години брак

Некогашниот фолк-пејач Зоран Ванев, кој веќе подолго време живее во Швајцарија , прослави 20 години брак. Тој сподели и фотографии на социјалните мрежи на кои е со својата сопруга Лидија. Зоран Ванев, кој е од Штип, беше еден од најпознатите фолк-пејачи кај нас.

 

Но, тој веќе неколку години живее во Швајцарија каде што работи како доктор по природна медицина. Неговата клиника во Цирих станала место што го посетуваат луѓе од целиот свет, а Ванев е еден од најбараните доктори по природна медицина таму.

 

Scroll to Top