(ФОТО) Боки 13 во пижами си ја зеде наградата за модна икона!

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, доби две награди, за личност на годината и наградата за модна икона, на вчерашната манифестација Story Аwards во  хотелот „Александар палас“.

Бојан се појави во интересен стајлинг, свилени панталони во комбинација со кошула, но според корисниците на социјалните мрежи, оваа комбинација па и дезенот потсетувале на машки дводелни пижами. Боки речиси на сите случувања се појавува дотеран по последна мода, па и вчерашната комбинација е сигурно некоја од модните писти, но според многумина, овој пат „модната икона“ дошла во пижами да си ја подигне наградата.

Scroll to Top