Поп-пејачката Елена Ристеска објави фотографија на својот „Инстаграм“ на која е татко ѝ, кој лани почина, со внуката Делфина. Под фотографијата таа напиша „Тато, ми недостигаш“.
Елена неодамна во интервју за „Репортер“ раскажа колку ѝ било тешко кога се соочувала со болеста на татко ѝ, но и уште потешко по неговата смрт.
„Татко ми по една и пол година ја изгуби битката со ракот. Колку и да е тешко, се обидувам да одам понатаму. Имам чувство дека тој е тука, па така ми е полесно. Но, станувам свесна дека го нема само кога ќе отидам на неговото вечно почивалиште“, изјави Елена.
Таа рече и дека сè што зборуваат луѓето за нејзиниот приватен живот или коментарите за нејзината песна „Лимон и текила“, оние негативните, одамна не ја погодуваат.
„По смртта на татко ми, ништо веќе не може да ме погоди“, изјави Елена за „Репортер“.