Македонската пејачка Фифи Јаневска го смени имиџот и сега е русокоса. Пејачката веќе неколку години живее во Шведска каде што повремено има музички настапи.
Таа фотографиите со новиот имиџ ги објави на своите профили на социјалните мрежи, и покрај една од нив напиша: „Не е лесно од црнка да станеш русокоса“.
Фифи во јавноста е најпозната по учеството во реалното музичко шоу „Икс-фактор“.