(ФОТО) Хелена пред 20 години на насловната на „Екран“

Некогашната водителка Хелена Роза вчера се потсети на својата прва насловна страница што ја имала во неделниот магазин „Екран“. Фотографијата ја објави по повод роденденот на овој магазин.

„Оваа насловна страница и овој текст се точно пред 20 години. Тоа беше мојата прва насловна страница. Недостигаат професионалното новинарство и правата естрада“, напишала Хелена. И додава дека тоа била насловна страница на која е без фотошоп, без филтри, без врски, без политика, без силикони, ботокс“.

Хелена веќе две и пол години живее во Нов Зеланд каде што замина со сопругот Игор и ќерката Кијара. Таа пред четири месеци се породи и со второто дете, синчето Тијан.

Scroll to Top