(ФОТО) Иванов и Фрчко на студентска журка

Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, заедно со Љубомир Фрчковски, поранешен министер за внатрешни работи, пред 17 години биле на иста студентска журка што ја организирале  студентите од Правниот факултет. Некои велат дека тоа било апсолвентска забава во кафеаната „Томче Софка“. Фотографијата која на социјалните мрежи ја постираа студентите од политички науки е навистина интересен момент затоа што на истата забава се двајцата професори од истиот  факултет, но и претседателски кандидати во 2009 година, кога Фрчко изгуби на претседателските избори од Иванов.

На истата забава е и универзитетската професорка Гордана Силјановска и сегашниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој е обележан на фотографијата постиранана „Фејсбук“, но не може да се види затоа што е зад еден од студентите.

Scroll to Top