Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за првпат објави фотографија на „Инстаграм“. Таа го посираше високото признание „Најдобар главен обвинител на Балканот“, кое ѝ беше доделено вчера од Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) . Покрај Јанева, високо признание доби и СЈО, за „Најдобро обвинителство на Балканот“.
Не е тајна дека Јанева ги користи социјалните мрежи, особено својот фејсбук-профил, на кој објавува честопати приватни фотографии. Така таа информираше и за раѓањето на својата внука. Но, пофалницата е прва фотографија која Јанева ја објави на „Инстаграм“.