(Фото) Кончита Вурст ги избричи брадата и мустаќите

Победничката на Евровизија од 2014 година, Кончита Вурст, предизвика бројни спротивставени реакции со своето појавување на сцената поради долгиот фустан, брадата и мустаќите. Томас Нувирт, кој пееше под уметничкото име Кончита, реши да го смени имиџот, да ја тргне периката, да ги избричи брадата и мустаќите и да ја продолжи кариерата под своето вистинско име.

Новиот имиџ предизвика уште една бура реакции – многумина му замерија што се откажува од препознатливиот имиџ, други, пак, ја поздравија промената.

Scroll to Top