(Фото) Малинкова распеана, Ѓоко осамен

Вчеравечер во кафе-барот „Објектив“ во Охрид гостите ги забавуваше Наташа Малинкова. Таа за мерак на присутните пееше странски хитови, ама испеа и дел од песните од својот репертоар. Гостите, пак, дојдени од цела Македонија, кои се одмораат во градот во празничните денови, но и странците што уживаат во Охрид, одлично се забавуваа и пееја со Наташа.

Единствено Ѓоко Танески изгледаше како да не се забавува. Тој седеше сосема сам на масата покрај влезот на кафе-барот.

Ѓоко и Наташа се долгогодишни пријатели и соработници, а Ѓоко со своето присуство реши да ѝ даде поддршка на својата пријателка и колешка.

Scroll to Top