(Фото) Обожавателка му ги бара гаќичките на Виктор

Обожавателка побарала пејачот Виктор Апостоловски да ѝ подари некои негови гаќички. Таа му испратила порака во која напишала: „Може да добијам твои гаќички?“

Виктор не го открива името на девојката, но вели дека не е првпат да добие ваква или порака со слична содржина од своите обожавателки.

„Кога настапував во ‘Идол’ девојките ми фрлаа и градници и гаќички на сцената. Тоа не е сменето. Од девојките сум добивал и понуди за брак и понуди да бидам татко на нивните деца. Засега успешно им одолевам“, рече Виктор за „Репортер“.

(А.Ј)

Scroll to Top