(ФОТО) „Тортијадата“ во Банско секогаш му прави мерак на Заев

Премиерот Зоран Заев  беше дел од манифестацијата „Тортијада“ која се одржа во Банско, Струмица. Но, ова не е прв пат тој да присуствува на оваа манифестација која веќе 20 години е традиција во овој крај.

„Навистина ми е задоволство што, незнам веќе и јас по кој пат, еве сум овде на традиционалната ‘Тортијада’ којашто се организира во Банско. Верувам дека бројката беше едноцифрена кога првпат присуствував овде, а еве сега сме на 20-та ‘Тортијада’, затоа што си ветивме дека без разлика каде нè носи патот во нашиот живот, остануваме заедно да го споделуваме задоволството од она што претставува традиција, од она што претставува вредност преку дружењето, да градиме пријателства коишто навистина се вредни и на коишто сите им се радуваме“, рече Заев на “Тортијадата“.

Scroll to Top