Фудбалерката Наташа Андонова ја освојува Барселона

Наташа Андонова е најдобрата македонска фудбалерка, која пред повеќе од еден месец потпиша договор со фудбалскиот гигант Барселона. Оттогаш таа неколкупати го облече дресот на каталонскиот тим, а уште во првиот настап даде гол со кој покажа дека клубот со право ја зел во своите редови.

Андонова премина во Барселона од ПСЖ и има договор до 2019 година. По потпишувањето младата фудбалерка изјави:

„Среќна сум што потпишав за Барселона бидејќи се работи за еден од најдобрите клубови во светот. Сакам сè што е поврзано со овој клуб. Многу сум среќна, а ова е огромен чекор во мојата кариера.“

И од Барселона се пресреќни, особено што нашата фудбалерка, нестандардно, постигнува голови и со левата нога.

Scroll to Top