(ГАЛЕРИЈА) Докторката Викторија Јаначковиќ е музата на „Елена Лука“

Некогашната манекенка и стоматолог Викторија Јаначковиќ го сними новиот моден едиторијал за новите дизајни на модната куќа на „Елена Лука“. Во пресрет на празниците, модната куќа „Елена Лука“ дизајнираше специјализирана линија свечени аутфити во духот на празничната атмосфера.

Елена Пандева вели дека во овој период од годината традиционално креираат уникатна линија на облека со еден посебен, празничен карактер што го заокружува позитивното расположение околу празниците. Елегантната и префинета естетика го дефинира дизајнот на креациите во широка палета бои со акцент на интензивните нијанси, како црвена, зелена, сина, виолетова…

Линијата на кроевите варира од нежни, суптилни и женствени силуети до деликатни и артистични форми, што се одраз на различниот карактер и стилски идентитет на жените.

„Пред сѐ, секогаш ми е големо задоволство кога соработувам со ‘Елена Лука’. Професионалноста и ефективноста секогаш одат заедно. Мислам дека девојчето од модните писти прерасна во жена која знае што не сака, а колку многу го сака тоа што го сака. Преку оваа фото-сесија прикажавме жена која е моќна, која успева пред сите предизвици и борби кои ги наметнува темпото на живот, како и нејзината независност. Таа е своја, префинета и нежна. Секако таа не смее да си дозволи никогаш да го изгуби детето во себе“, изјави Јаначковиќ, која досега повеќепати има соработувано со „Елена Лука“.

Scroll to Top