(Галерија) Хуманитарна ревија на Мите Занов

Младиот моден дизајнер Мите Занов во понеделникот ја претстави својата најнова колекција „Миг“. На хуманитарната ревија што се одржа во МОБ се собираа донации за лекување на 23-годишниот Борче Проданов кој боледува од dystrophy musculorum progressive.

„Оваа колекција е инспирирана од скулптурата и од делата на македонските скулптори Петар Хаџи Бошков, Јордан Грабуловски, Димо Тодоровски. Моделите во колекцијата, тридимензонални форми создадени како уметнички израз, сами по себе се настан, миг што трае, чудо што се материјализира пред нас и што доаѓа од длабочините на битието. Авангардна и пред се уметност која се носи, се клучните зборови што ја опишуваат оваа колекција“, вели дизајнерот Занов за „Репортер“.

Фустаните се изработени од висококвалитетни материјали како свила, штоф, кепер, свилена тафта, но и неконвенционални материјали како еко кожа и метал.

(А.Ј)

Scroll to Top