(ГАЛЕРИЈА) Висока мода во новите дизајни на Росица Мршиќ

Дизајнерката Росица Мршиќ ја промовираше новата pret- a-porter колекција за есен-зима 2017 година. Дизајнерката во оваа линија на модели го покажува своето разбирање на способноста на жената да испраќа моќна порака преку својот изглед и да изгледа совршено во секој дел од денот. Колекцијата MUSE е со длабоко разработени кроеви со чисти и строги линии што ги истакнуваат изгледот и интензитетот на облеката.

Американската фотографка, артистка и модел Ли Милер е музата на Мрчиќ, која носи едноставни кроеви кои се во основата на колекцијата, но дополнети со плисирани и рачно изработени детали. Топлите зелени тонови се употребени за надградување и се преплетуваат со основната црна и контрасната бела боја.

Scroll to Top