Гаро Тавитјан доби највисоко државно признание во културата

Легендарниот тапанар Гарбет Гаро Тавитјан е добитник на највисокото државно признание за постигнувања во културата, „Св. Климент Охридски” , односно државна награда која му ја врачи  парламентот на РМ.

„Голема чест и задоволство ни е да објавиме дека нашиот татко, најголемиот амбасадор на македонскиот ритам на Балканот и пошироко и еден од основачите на македонската модерна музика – Гарабет Тавитјан Гаро – е добитник на највисокото државно признание за постигнувања во културата“, напишаа неговите синови Дики и Гаро јуниор. Ова признание доаѓа по неговиот јубилеј 50 години активно интернационално творештво и реален придонес за македонската квалитетна музика и нејзина афирмација во и надвор од границите на нашата земја.

Гарбет Тавијан е  основач и дел од првите музички состави како автор и изведувач, и дел од  темелот на македонската модерна музика. Легендарните  „Леб и сол“, „Бијело дугме“, „Парамециум“, „Пламени“… како и соработките и концертите со сите најзначајни балкански легенди и уметници. Сцената ја делел со некои од светските легенди како Стенли Кларк, Сајмон Филипс. Мајлс Дејвис. Зад себе има над  2000 концертни настапи низ светот.

Scroll to Top