Георгиевски е првиот македонски европски шампион во таеквондо

Дејан Георгиевски го совлада Русинот Јуриј Кириченко за златен медал на Европското првенство во таеквондо во Софија, Бугарија.

Георгиевски во категоријата над 80 килограми претходно ги победи Италијанецот Матео Милани, Турчинот Сердар Јуксел, Германецот Чем Унлусој и Украинецот Михајло Шелест, за најголем успех во историјата на македонското таеквондо.

Георгиевски во 2017 исто така победи на Софија опен, а на СП во Сеул, Јужна Кореја стигна до 33. место, иако на рејтингот на Светската федерација е на само 120. место.

Scroll to Top