Горан Папаз ќе ги пречека гостите на Струшките вечери на поезијата

 

Саксофонистот Горан Папаз ќе настапи на Струшките вечери на поезијата. Манифестацијата почнува денеска и ќе трае до 28 август. Популарниот музичар ќе настапи со својот квартет на свечениот прием на учесниците и на вториот ден во „Ноќ без интерпункции“.

„Чест и задоволство е да се биде дел од една ваква манифестација. Ви благодарам на довербата“, рече Папаз, кој за следниот месец најавува нова песна. На реномираниот фестивал ќе го придружуваат Роберт Милески на гитара, Филип Стојковски – Зизи на тапани и Јане Тодороски на бас.

 

 

Scroll to Top